Медиумска писменост
Медиумска писменост и дигитален активизам Истражување на моќта на социјалните медиуми во мобилизирањето и организирањето на социјалните движења.
Анализирање на примери за успешни кампањи за дигитален активизам. Колаборативно планирање на кампања за дигитален активизам на одредена релевантна (соодветна) тема/прашање. Онлајн заедници и култура на учество: Дискутирање за улогата на онлајн заедиците во движењето на социјалните промени (in driving social change) Истражување на платформите за граѓанско вклучување и колективни акции. . |
Медиумска писменост и онлајн безбедност Cyberbullying-сајбер насилство и онлајн малтретирање: Дискутирање за влијанието на последиците.
Промовирање на дигитална емаптија и стратегии за борба против Cyberbullying сајбер насилството - сајбер малтретирањето. Креирање/Создавање на мултимедијален проект за онлајн безднонсти одговорно дигитално граѓанство digital citizenship. Приватност и безбедност на податоците: Разбирање на ризиците и импликациите од споделувањето на лични информации/податоци онлајн. Истражување на стратегии за заштите на личните податоци и одржување на дигитална приватност Креирање на инфографик или постер за најдобрите онлајн практики за приватност |
Вовед во дигитално раскажување приказни digital storytelling: Елементи и техники
Storyboarding и планирање на дигитален медиумски проект. Креирање на мултимедијална презентација на тема од медиумска писменост Вметнување на слики, аудио и видео во презентацијата Презентирање и споделување на мултимедијалниот проект во кубот/секцијата. Работилница за создавање медиуми: учениците работат во групи за да приоизведат (креираат) кратко видео или подкаст на тема по избор. ........Сценарио, снимање и уредување на медиумските проекти. Прикажување на медиумските креации во рамките на клубот. |
Разбирање на рекламирањето и влијанието на медиумите
Техники на рекламирање и стратегии на убедување
Анализирање на комерцијалните и печатените реклами за присуство на елементи на убедување (стратегии и елементи)
Идентификување на целната публика во/со рекламирањето.

Разбирање на медиумската пристрасност Media Bias и News Literacy
Медиумска пристрасност: препознавање на различни видови на пристрасност во новинарските известувања news reporting.
Анализирање на насловите на вестите за пристрасност.
Групна активност: Создавање на алтернативни наслови за вести.
Етика во медиумите Етички размислувања во новинарството и медиумската продукција.
Разгледување на Студии на случај за етичките дилеми во медиумите.
Разгледувавме студии на случај од локалната средина, надевајќи се дека ке ги разбереме етичките дилеми и дискриминација, но неуспешно, треба да повториме со други граѓански организации.

ВЕБ 2 алатки кои често ќе ги користиме:
Накратко за проектот:
„Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост“
По успешно завршениот камп за медиумска писменост „Справување со дезинформации преку образование“ TechCamp Охрид 2023, тим од наставници од пет основни училишта од Македонија по добиениот грант започнаа со реализирање на проектот „Развивање и тестирање наставна програма за медиумска писменост“ кој го имплементира Центарот за иновации и дигитална едукација заедно со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон. Носители на овој проект се училиштата: ООУ„Петар Поп Арсов“ – Карпош, Скопје; ООУ„Блаже Конески“ – Прилеп; ООУ„Христијан Тодоровски Карпош“ – Ранковце; ООУ„Димитар Миладинов“ – Центар, Скопје и ООУ„Марко Цепенков“ – Зелениково, Скопје.
Програмата за медиумска писменост во основното образование е дизајнирана да ги надгради вештините на учениците за критичко размислување и анализа на медиумските содржини, со цел да се создадат информирани и одговорни дигитални граѓани. Освен што се фокусира на разбирањето на медиумската пристрасност и техниките на убедување, програмата исто така ги поттикнува учениците да размислуваат критички за етичките аспекти на медиумската продукција и новинарството. Учениците ќе учат како да ги препознаваат и проверуваат фактите, да го разберат влијанието на медиумите врз јавното мислење и политиката, и да се изразуваат креативно преку дигитално раскажување приказни.
Програмата вклучува практични активности како создавање на мултимедијални проекти, видеа и подкасти, кои им овозможуваат на учениците да ги применат своите знаења во реални сценарија. Исто така, се охрабруваат дебати и дискусии за слободата на изразување и правото на пристап до информации, како и за рамнотежата помеѓу слободата на говорот и одговорната употреба на медиумите. Со учество во кампањи за дигитален активизам и истражување на онлајн заедници, учениците стануваат дел од поголемата дигитална заедница и учат како да придонесат кон социјалните промени.
Како крајни исходи, програмата тежи кон создавање на свесни и критички мислители кои ќе бидат способни да ги препознаат и да се справат со предизвиците на дигиталната ера, да ги заштитат своите лични податоци и да учествуваат активно во дигиталното општество. Учениците ќе бидат подготвени да ги препознаат и да се справат со мисинформациите и дезинформациите, да ги разберат и да се борат против сајбер насилството и да градат позитивна слика на телото и разновидност во медиумите. Оваа програма има за цел да ги охрабри учениците да станат активни учесници и креатори на медиумски содржини, а не само пасивни потрошувачи.
Во текот на спроведувањето на активностите ќе биде отворена и веб страна на проектот – www.nasmedium.edu.mk, каде ќе бидат поставени ресурси и добри практики за имплементација на програмата во основните училишта.

Од 16 до 19.08.2023 година на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа TechCamp за медиумска писменост „Спротивставување на дезинформации преку образование“. TechCamp камп беше организиран од Центарот за иновации и дигитално образование од Диг-Ед, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и тимот на TechCamp на Стејт Департментот на САД од Вашингтон. На овој TechCamp учествуваат 40 наставници од различни предметни области во основното образование, зајакнување на нивната дигитална и медиумска писменост.
Главната цел на TechCamp беше да се развие медиумската писменост и вештините за сајбер безбедност на наставниците за да се спротивстават на погрешните и дезинформациите во училиштата, да се подобри социјалната кохезија меѓу различните етникуми и да се поддржи развојот на младите. За време на TechCamp наставниците беа обучени да создаваат отворени образовни ресурси за медиумска писменост и едукација за сајбер безбедност на локалниот јазик.

Со почеток на второто полугодие 2023/2024 стартувавме со проектот во проширен тим од наставници и ученици. Дизајнираме активности кои ќе ги збогатат знаењата и разбирањата на учениците за медиумската писменост и ќе ги поттикнат на активно учество и соработка.
Тим од ООУ “Димитар Миладинов” е составен од 2 наставнички,
Марија Насковска и Аида петровска со 11 ученици.

Работилница:
Запознавање со поимите дезинформации,
мисинформации, малинформации и ултралажни информации:
РЕЧНИК НА МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ

Голема благодарност до Елена Апостолова и нејзиниот тим за толкувањето на поимите како и до https://recnik.medium.edu.mk/
Како да бидеме безбедни онлајн - UNICEF
Она што секогаш треба да го имаме на ум е дека – штом нешто еднаш ќе се објави, нема враќање.
Интернетот не е само игра...
safe-net-for-kids.pdf | |
File Size: | 2065 kb |
File Type: |
БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ
bezbedno-na-internet-ii-izdanie.pdf | |
File Size: | 469 kb |
File Type: |
ВОДИЧ ЗА ИНТЕРНЕТ ЗАШТИТА И БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА - СОВЕТИ ЗА ВОЗРАСНИТЕ
Водич-за-интернет-заштита-и-безбедност-на-децата-Нена-pdf.pdf | |
File Size: | 771 kb |
File Type: |
СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДЕН ИНТЕРНЕТ
Совети за родителите за едукација и за заштитата на децата (превземено од А1 Македонија):
- Едуцирајте за интернетот и уредите преку кои се пристапува на интернет.
- Во заеднички договор, ограничете го времето за користење на уредите преку кои се пристапува на интернет.
- Поставете го уредот со кој се пристапува на интернет во централниот дел од собата, за повремено и вие да можете да надгледувате што прави вашето дете.
- Разговарајте отворено за интернетот, кои се придобивките, а кои се ризиците со кои може детето да се соочи доколку самостојно работи на интернет.
- Заштитете го вашиот компјутер, паметен телефон или таблет со соодветни програми и инсталирајте програми или користете онлајн алатки за филтрирање на несоодветните интернет страници.
- Избегнувајте да ги оставате податоците од вашите банкарски сметки на уредот кој го користи вашето дете.
- Креирајте табови со страниците кои вашето дете најмногу ги посетува. Така, ќе бидете и вие сигурни дека можноста да „залута“ на друга слична страница на пребарувачите се минимални.
- Поучете го дека однесувањето во секојдневниот живот треба да се почитува и на интернет, особено во комуникацијата на социјалните мрежи и канали.
- Претставете што значат личните податоци и зошто е важно никогаш да не ги открива на интернет.
- Советувајте го како да креира комплицирани, но за него познати лозинки.
- Дајте му на знаење дека сè што објавува на интернет, останува засекогаш таму и нема враќање назад.
- Постојано охрабрувајте го да разговара со Вас во ситуации кога не е сигурно како да постапи, направило грешка или се соочуваа со некакви проблеми.
- Укажете му дека разговорот со непознати на интернет е подеднакво недозволив како и разговорот со непознат и во секојдневното живеење.
- Помогнете му да ги изгради своите бази на пријатели на социјалните медиуми и редовно потсетувајте го дека тие треба да бидат составени исклучиво од лица што ги знае.
- Паметните уреди се создадени да го направат животот поедноставен. Доколку поседувате паметен ТВ приемник, пуштајте You Tube на него. Така сте сигурни дека: Детето не гледа содржини кои се несоодветни за него, а притоа се наоѓа на доволна оддалеченост од неговите очи.
- Преку игра најмногу се учи – настојувајте едукативните игри или игрите за стекнување на вештини да бидат единствените игри кои ги игра вашето дете на мобилниот телефон или таблетот.
- Бидете им пример на Вашите деца. Практикувајте го она на што вие ги учите.
- Зборувајте со родителите на децата со кои вашето дете се дружи и обидете се да ги изедначите различните ставови кои можеби ги имате. Сепак, вашето дете е во постојан контакт со нив и често ги разменува своите искуства.
- Потенцирајте му дека апсолутно е забрането да се биде вулгарен или пак да се навредува некој. Објаснете им што е cyber-bulling и колку тоа може да повреди некој.
- Користете прирачници и едуцирајте ги вашите деца преку практични примери како да се заштитат себеси и своите лични податоци. Како одличен прирачник – брошура преку кој ќе можете да заеднички со вашето дете да ги поминете основите на интернетот и советите за заштита на личните податоци, може да ви послужи брошурата “Интернетот не е само игра….кликај безбедно”."
Совети за купување и плаќање на интернет (превземено од denar.mk:
Ова се најважните совети за купување и плаќање на стоки и услуги преку интернет:
1. Задолжително дознајте ги основните податоци на продавачот: адреса и број на телефон.
2. Пин кодот никогаш не го споделувајте со никого ни писмено ни усно, бидејќи на продавачот преку интернет не му е потребен вашиот пин код.
3. Најчесто од вас, при купувањето од интернет се бараат следниве информации: име и презиме, адреса, бројот на картичката, трите бројки за дополнителна валидација (кои се наоѓаат на задната страна на картичката) и рокот на траење на картичката.
4. Кога ќе се појави страницата на која треба да ги внесете податоците за картичката, проверете дали на дното на интернет пребарувачот се појавува заклучен катанец или се појавува клуч.
5. При внесувањето на бројот на картичката, интернет адресата се менува од http во https и тоа е еден услов за користење на безбедна врска.
6. Бидете сигурни дека продавачот на веб сајтот поседува сертификат за енкрипција, тоа ќе го добиете со клик на иконата за безбедност.
7. Никогаш не ги испраќајте податоците за картичката кога Вие не сте го иницирале купувањето.
8. Проверете ги условите за продажбата, гаранцијата и повлекувањето од резервацијата, бидејќи при меѓународните плаќања можно е да бидете задолжени и за царинските давачки, локалните такси и други дополнителни трошоци.
9. Доколку ја откажете резервацијата, по извршеното плаќање, задолжитело побарајте број со кој се потврдува откажаната резервација, за да не бидете задолжени со плаќање како да не сте ја откажале резервацијата.
10. Најдобро е да купувате на сајтовите кои се верификувани од страна на Visa и MasterCard како сигурни сајтови за продажба.

СПРАВУВАЊЕ СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ
На секојдневното море од информации треба да се пристапува со резерва, да се информираме од кредибилни медиуми, односно да се провери дали медиумот има импресум, дали зад текстовите стојат автори, да не се читаат исклучиво наслови, да не потпаѓаме на кликбејтови.
22 АПРИЛ - ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
Денот го поминавме во планирани проектни посети и средби, а за неговото значење се потсетивме утредента, повторувајќи повторно дека СЕКОЈ ДЕН ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА:
...................
Еко – етиката треба да се сфати како личен однос со Планетата. Таа бара етички личности со здраво изградени морални норми, кои се подготвени, преку дејствување, да ги реализираат истите. Денес се соочуваме со масовни културолошки појави, се препуштаме трендовите да ни го диктираат однесувањето. Масовните медиуми ни го обликуваат мислењето. Во ова хипер – реално постоење, личноста ја губи врската со реалното. Ние станавме хипер – конзументи, кои во својата потрошувачка агонија би ја проголтале (потрошиле) и целата планета. Оваа состојба мора итно да се надмине! Прво мора да го исчистиме умот за да можеме да ја исчистиме планетата. Доколку дејствуваме веднаш, се уште има време да се спаси планетата, во спротивно нашите денови се одброени. Потребна е акција! Времето е еднакво на дејствување. Одговорноста паѓа врз сите, секое време од сега, е крајно време. Да живееш, значи да бидеш одговорен, како за своите дејствија, така и за дејствијата на другите. Ако својата одговорност ја оставиш во туѓи раце, ја ризикуваш не само твојата иднина, туку и иднината на целата планета. Пасивниот однос кон овие проблеми е еднаков на неделување и подржување на сопственото уништување (јас не загадувам, мојата совест е чиста). Односот со еко – етиката е личен однос, не е нешто, што некој друг може да го направи за тебе.
..................................

den_na_planetata.pptx | |
File Size: | 10397 kb |
File Type: | pptx |
"Маргарет Морс Нис ( Margaret Morse Nice) беше американскi орнитолог позната по нејзиното истражување за однесувањето на птиците. Иако не е позната по својата работа во математиката, таа користела математички методи кога ги анализирала податоците за птиците.
Мојот стрип е посветен на неа. Таа е позната по нејзините студии за однесувањето на птиците, особено на гугутки (грлици)"

Пишување барање до нашата Општина и до Кабинетот на претседателот на Македонија - интересно искуство:
22 април 2024 - Во посета кај стручните служби на птерседателот на Република Македонија
Прекрасно искуство, топол пречек и срдечна едукативна средба. Поставивме многу прашања, добивме многу одговори и ќе си се подготвиме за возвратна посета наскоро. Треба да го примениме наученото, а на промоција на нашите продукти ќе каниме гости.

Прашања на кои добивме исцрпни одговори:
- Дали претседателот располага со официјален профил на некоја од социјалниате мрежи? Ако има на која и колку е
активен таму?

- Како успевате даги разликуваате вистинските вести од дезинформациите?
- Дали претседателот може да има приватност на Интернет? Дали има точна –јасна граница помеѓу приватно и јавно? Што смее а што не смее?
- Дали сте биле мета на дезинформации и како сте постапиле во таков случај?
- Дали некој од кабинетот или лично Вие сте биле жртва на “deep fake” видео или аудио содржина?
- Како медиумите можат да влијаат на јавното мислење и политичките ставови?
- Кои се најчестите начини на распространување на дезинформации на социјалните мрежи на кои сте биле сведоци или се однесувале било кон Вас било кон член од кабинетот?
- Како ја проверувате легитимноста на информациите кои се објавуваат на интернет?
- Дали ја проверувате секоја информација која се однесува на било кој дел од вашите активности? На кој начин? И како постапувате?
- Како се справувате со стереотипите кои се шират во општеството а се потпомогнати од медиумите?
- Дали сте учествувале во некои рекламни камање за подигнување на свеста? На кој начини дали ја постигнале планираната цел?
- Како се се изведува комуникацијата со јавноста? Колку често и на кој начин? Дали се користат социјални медиуми?
- Етика и одговорност во комуиникација со медиумите – дали постојат пишани и непишани стандарди и критеримуми?
- Дали вработените во стручните служби на птерседателот на Република Македонија се со мандат или се со постојано вработување? Како една млада личност, соодветно образувана може да се вработи во некоја од стручните служби?
5. Медиумска писменост и дигитален активизам
Приказната започнува вака:
„Нема да добиеш ништо и да пишуваш по интернет, не ни можеш ништо“, така рекоа иако сигурно не им е сеедно. Свесни се дека прават лоши работи, работи за осуда, дискриминираат, повредуваат, попречуваат работните обврски, не почитуваат, им недостасува култура и бонтон. .
Дали вакви ликови заслужуваат да се се спомнат во проектот, не, но нивното однесување треба да се промени. Како?
Да се обидеме да влијаеме со дигитален активизам.
Ке пратиме пошта до сите што треба да дознаат.
Има ли поедноставен начииин сите да дознааат кој им го урива угледот и прави лоши работи само поради тоа што чувствува моќ бидејќи познава некој кој го смета над сите во организацијата, општината, градот, државата.
Да има, објави на facebook, напреви блог, интернет страна, обележи ги сите луѓе и институции до кои сакаш да стаса дадената вест.
Користењето интернет не е грда работа, не е понижување, напротив, тоа е вештина за унапредување и создавање подобро општество. Интернетот е наше секојдневие и пристапот до интернет е прогласен од Обединетите нации за едно од човековите права. Користете го интернетот за ширењето на вистини, затоа што е гласен и моќен. Тоа не можете и не смеете да го правите од лажни профили и анонимно. Зад секоја вистинита информација или вест стои познат автор.
Дигиталниот активизам е присутен и кај нас, иако не во доволна мера поради нашиот карактер, па честопати премолчуваме, заборавајќи дека молчењето е соучесништво. Некои молчат поради нерешен работен статус, некои за ситен бенефит од починителот на лошо дело или оној кој можел да спречи хаварија, повреда, болест и слично.
Секој учесник (Наставник и ученик) има задача да пронајде настан, случка, состојба која треба да биде подложена на дигитален активизам, односно да се активираме и да видиме како можеме да ја поправиме состојбата на овој начин.
Активностите, добрите и лошите страни од дигиталниот активизам ќе ги анализираме заедно.
Ке согледаме што сме можеле да направиме подобро, а што е добро кое не треба да се менува.
Настаните пред пролетниот распуст и пролетниот распуст го раздели тимот, но кога ке се сретнеме во мај продолжуваме.
Наставничката пронајде и работи на свој случај - Спречување на голема хаварија, еколошка и градежна катастрофа.
На крај ке имаме документирана сторија за превземените активности и добиените исходи.