Секоја тема завршува со писмена проверка на стекнатите знаења - тест, однапред заведена во е-дневникот - ПЛАН ЗА ПИСМЕНО ПРОВЕРУВАЊЕ НА ПОСТИГНУВАЊА .
Од 104 до 136 страна - учебник по физика за 8. одделение - тема - Внатрешна енергија и топлина
Триењето предизвикува материјалот да се загрее и да се затопли. Под дејство на триење се менува кинетичка енергија на честичките од телото, а со тоа и внетрешната енергија на телото.
Збирот на кинетичките и потенцијалните енергии на сите молекули во телото се вика внатрешна енергија на телото.
Хаотичното дижење на огромниот бројмолекули што го сочинуваат телото се нарекува топлинско движење.
Промената на внатрешната енергија се врши со механичка работа или со пренесување на енергија од едно на друго тело.
Внатрешната енергија којашто од позагреано тело преминува на постудено тело се нарекува количество топлина, се означува со Q, мерна единица и е џул (1Ј), a се пресметува по формулата: Q=mc(t2-t1)
Количеството топлина потребно за да се загрее 1 kg од некоја супстанца за еден степен се нарекува специфичен топлински капацитет (с) на таа супстанца.
Специфичен топлински капацитет се мери со единицата Ј/kg*C или J/kgK.
Топлински капацитет (К) е количество на топлина потребно да се загрее едно тело за 1*С.
Закон за топлинска рамнотежа: Предадената топлина од телото е еднаква со примената топлина, односно Q1=Q2.
Што значи дека: m1c1(t-t1)=m2c2(t2-t)
---------------------------------------------------------------------
Количество топлина што се ослободува при наполно согорување на 1 kg гориво се нарекува топлина на согорување или енергетска вредност на горивото.
Ако топлината на согорување на едно гориво ја обележиме со q тогаш количеството на топлина Q што може да се ослободи при согорување на m kg од истото гориво се пресметува со: Q=qm ; q=Q/m
Единица мерка на топлината на согорувањето е J/kg.
Закон за запазување на енергија: Енергијата никогаш не се создава ниту уништува, таа само преминува од еден облик во друг или од едно тело на деуго без загуби. Односно: Збирот на сите видови енергии во природата е секогаш непроменлив.
--------------------------------------------------------------------------
Температура е степен на загреаност на едно тело и ја карактеризира внатрешната кинетичка енергија на честичките.
Температурата се мери со термометар.
Единица мерка за температура во SI е келвин (1К). 1К = 1*С
Еден стоти дел од температурната разлика меѓу точката на мрзнење и точката на вриење на водата е еден степен Целзиусов (1*С)
Температурата на која престанува движењето на молекулите се вика апсолутна нула и таа изнесува -273,15 *С.
За претворање на температура од степени Целзиусови во Келвини се користи релацијата: Т=(273,15 + t) K
T – температура искажана во Келвини.
t – температура искажана во степени Целзиусови.
Водата има најмал волумен и најголема густина на +4 °C.
Неправилното однесување на водата при загревање или ладење е наречено аномалија на водата.
Процесот на преминување на течност во гасовита агрегатна состојба се вика испарување.
Гасотшто при тоа настанува го викаме пареа.
Процесот на испарување на течностите се одвива при вриење (испарување од целиот волумен на течноста) и при ветреење (испарување од површината на течноста).
Брзината на ветреењето зависи од природата на течноста, од големината на слободната површина на течноста, од отстранувањето на пареата од просторот над слободната површина на течноста.
Количество топлина што е потребно 1kg течност да премине во пареа без менување на температурата се вика специфична топлина на испарување.
Појавата некои супстанци директно да преминуваат од тврда во гасовита состојба се вика сублимација, а обратната појава ресублимација (депозиција).
------------------------------------------------------
Енергијата од Сонцето, којашто пристигнува на Земјата може да се искористи на различни начини. Таа може да се претвори во топлинска, хемиска, механичка или електрична енергија. Преносот на топлината или топлинската енергија е од исклучително значење во денешно време.
Топлинската енергија може да се пренесува на три начина: кондукција, конвекција и топлинско зрачење (радијација).
Процес на пренесување на внатрешна енергија од едно на друго место на телото со меѓусебно влијание на честичките (молекули, атоми), при што честичките не се поместуваат од едниот на другиот крај на телото, се вика топлоспроводливост или кондукција.
----------------------------------------------------------------
Процес на промена на внатрешната енергија со пренесување на делови на супстанцијата од едно на друго место во едно тело, се вика конвекција или струење.
Преносот на топлината преку конвекција може да се одвива само кај флуидите, односно кај течностите и гасовите.
----------------------------------------------------------------
Пренос на внатрешната енергија од едно на друго тело со бранови, се вика зрачење или радијација.
Овој процес се одвива преку три фази.
Телото коешто ја емитира енергијата, ја трансформира својата внатрешна енергија во електромагнетно зрачење (бранови), коишто понатаму ја пренесуваат оваа енергија на одредено растојание. На крајот, оваа енергија или електромагнетни бранови се апсорбираат од страна да друго тело.
==================================
ДА ПОВТОРИМЕ:
==================================
Поими:
-Количество топлина,
-температура,
-кондукција,
-конвекција,
-радијација,
-топлински капацитет,
-специфичен топлинцки капацитет.
Дискусија:
-Зошто во зимскиот период есенските посеви не замрзнуваат иако се покриени со снег?
- За да не ни студи во зима носиме дебела облека, јакни, џемпери, шалови,ракавици. Зошто?
Каква улога има ваквото облекување?
- Зошто е погодно грејните тела да се поставуваат во долниот дел од просторијата?
-Пополни ги барањата од илустрацијата за трансфер на топлина.
-Зошто во зима се препорачува да носиме облека со темни бои?
Направи: Од понудените материјали направи апаратура со која ќе покажеш трите процеси на трансфер на топлина. (свеќа, запалка, жица, епрувета, вода)
Реши: задачи од збирка
===============================
НАМАЛУВАЊЕ НА ТОПЛИНСКАТА ЗАГУБА
ПОИМИ:
-изолација,
-кондукција,
-конвекција,
-радијација,
ОДГОВОРИ И РЕШИ:
1.При загревање на телото му се зголемува волуменот.
Што се случува со неговата маса, а што со густината?
Дали се менуваат двете величини или само една од нив? Објасни?
2.Зошто се менува живиниот столб во термометарот при загревање? Објасни.
3.Што е количество топлина?
4.Зошто при градење на становите се користат шупливи тули и се прават двојни прозорци?
5.Колкаво количество на топлина се ослободува при ладење на 3 литри вода од 70 степени целзиусови на 20 степени целзиусови? (с=4200Ј/kgK)
===============================
Реши ги задачите:
1. Колку топлина е потребно да се загрее воздухот во соба долга 4 m, широка 3,5 m и висока 2,5 m, од 0 ºС до 15 ºС? (своздух 1012 J/kgºС , p= 1,225 kg/m3 ).
2.Во еден сад е налеано 420 g вода со температура 20 ºС и 900 g вода со температура од 70 ºС. Колкава е температурата на водата по мешањето?
3.Во сончев ден камен со маса од 50 kg се загреал до 60 ºС, а преку ноќ се изладил на 20 ºС. Колкаво количество топлина предал на околината? (Специфичниот топлински капацитет на каменот е с = 790 Ј/kgK.)
4. Када долга 2 m, широка 0,75 m исполнета со вода до длабочина од 0,5 m. Колку топлина ќе се ослободи кога водата ќе се излади од 20 на 18 ºС?
5. Парче бакар со маса од 200 g и е температура од 100 ºС се потопува во сад со 64,5 g вода на температура од 10 ºС. Температурата на водата се покачила на 30 ºС. Пресметај го специфичниот топлински капацитет на бакарот.
6. За капење бебе, мајката сакала да подготви 120 l млака вода со температура 35 ºС. Загреаната вода има 75 ºС, а онаа од водоводната мрежа 15 ºС. Колку вода од топлата и од ладната треба да измеша мајката за капење на бебето?
7. Челичен чекан со маса 12 kg паѓа од висина 1,5 m на парче железо поставено на наковална. Одреди ја енергијата што ќе се предаде на парчето железо по 50 паѓања на чеканот од истата висина, ако 40 % од кинетичката енергија на чеканот се претвора во топлина за загревање на железното парче.
===============================
КВИЗ на тема ВНАТРЕШНА ЕНЕРГИЈА
===============================
==============
Биметална лента
==============
============
ТЕРМОМЕТАР
============
Кондукција.mp4 from Aida Petrovska on Vimeo.
конвекција.MOV from Aida Petrovska on Vimeo.
Обнoвливи-извори-на-енергија_Валерија-Маринковиќ-9а.pdf | |
File Size: | 2183 kb |
File Type: |